Носел чудна перика, па станал сомнителен: Овој човек на урнебесен начин сакал да прошверцува дрога вредна 30.000 евра

Полицијата во Шпанија на интернационалниот аеродром во Барселона уапси човек кој пробал на прошверцува половина килограм кокаин под својата чудна перика.
Надлежните велат дека човекот изгледал многу сомнително и нервозно. Тој во Барселона пристигнал со лет од Богора, Колумбиа.


Полицајците биле зачудени и од изгледот на неговата перика и го запреле.
Откако го замолиле да ја извади периката под неа се наоѓал спакуваниот кокаин кој бил проценет дека има вредност од околу 30.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.