„Носеше само 2 пара фармерки и само 2 маици“- сопругата на Оливер Драгојевиќ за првпат раскажа за нивниот заеднички живот

Весна Драгојевиќ, сопругата на покојниот пејач Оливер Драгојевиќ го дала првото интервју откако останала без сопругот, кој почина после тешката болест на 29. јули 2018 година. Таа открила само дел од својот интимен свет и раскажала како изгледал соживотот со човекот чии песни ги обележале животите на многумина во регионот.
-Кај нас дома не се слушаа неговите песни. Оливер никогаш нешто посебно не се подготвуваше за концерт, ниту пак вежбаше, а не ни слушаше многу наша музика. Слушаше главно странски песни на Јутјуб. Ние понекогаш дома мислевме дека не е нормален, бидејќи така опуштено се однесува кога станува збор за концерти, турнеи, албуми, а на крајот се одлично испаѓаѓе“, рекла Весна.


-Јас не слушам музика откако Оливер почна да пее – рекла Весна и додала: Воопшто не слушам и единствено што слушав беше Енигма, тие издадоа 4 албуми ијас ги купив, но некој ми ги однесе од дома затоа што децата ми велеа дека не сум нормална затоа што само тоа го слушам.
Таа истакнала дека Оливер се завршувал со леснотија и не комплицирал.
-Еднаш го отвори мојот ормар и вака ми рече: „Јас имам два пара панталони, бидејќи можам да облечам само едни, а другите ми се во ормарот, а ти кога ќе ја изнаносиш цела оваа гардероба, кога ќе облечеш се? Неговата гардероба зе сведуваше на два пара фармерки и црни и бели маици. И така беше целиот живот, се беше едноставно, од облека до храна, од разговор до планови, се беше едноставно. Онаков каков што беше на сцена, начинот на кој спонтано зборуваше со публиката, ете таков беше и дома. Немаше разлика кај него дома и на сцена – одговорила Весна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.