Но, јас… Јас, од секогаш те сакав

Беше 21ви декември дваесет и еден часот и четириесетина минути. Се потпре на клупата и го погледна во недоверба. Стоеше на два метра од неа и збунето гледаше пред себе без да се помрдне.
“Дојди” – изусти таа тивко подавајќи му ја раката. Тој ја погледна безизразно, се доближи и без збор и ги зема двете дланки во своите големи шаки и цврсто ги задржи за да ја осети нивната топла мекост. Ги триеше со палците и се загледуваше во нив без збор. Беше останал без зборови уште откако нивните погледи се сретнаа на автобуската. Таа беше прекрасна… беше пораснала, се разубавила, а нејзината невиност сеуште ја правеше единствена за него. Наеднаш ја придвижи десната дланка нагоре по нејзината рака и ја погали по вратот отскривајќи го од тенкиот шал. Таа се заврте настрана и ги заврте очите полека воздивнувајќи. Ја поткрена раката и со вознемирен поглед треперејќи се отргна од неговата рака.“Немој, те молам…” – едвај избегнувајќи му го погледот се обиде да изусти. ” Кога сум со тебе се чувствувам непријатно, чудно…”
“А како е тоа чудно?” – ја праша тој со смирен тон, не симнувајќи го погледот од нејзиното лице.
“Секогаш кога сум до тебе зборувам глупости, за кои подоцна се каам. Срцето непрестано ми лупа, ми се тресат нозете, пулсот ми одѕвонува во ушите и мислам дека во секој момент ќе се онесвестам ” – проговори засрамена и погледна наземи, оставајќи ја косата да и падне преку лицето, мислејќи дека на некој начин ќе се сокрие зад неа.
“Поради тоа секогаш избегнуваш да ме погледнеш во очи нели?” – праша сеуште рамнодушен.
“Можеби…” се насмевна таа и подгризнувајќи ја долната усна го погледна за момент. Тој се насмевна и и ја префрли косата зад рамената за да може да ја види подобро. Насмевката му остана задоволна на лицето, а очите му светеа од самодоверба, егоизам и исполнување.
“Сега ти е смешно, зар не?” – проговори налутена таа и сурово ги отргна дланките од неговите раце кои нежно ја стегаа. “Колку сум патетична и јас што се надевам на нешто? На што целиш? Зошто воопшто ги одржуваш контактите со мене?” – праша разочарана таа неочекувајќи одговор. “Зошто излезе со мене, кога знаеше дека нашето кафе, не е тоа што всушност значи зборот кафе? Па ние не ни пиевме кафе! ” – замолче за момент и се заврте кон него. “Знаев дека никогаш немаш храброст да бидеш искрен. Никогаш не си кажал некому што чувствуваш искрено, за да бидеш фраер. Пораснав со твоите финти! Доста ми е од се. Не ме барај повеќе! Сега е навистина крај. Немам повеќе време да чекам да пораснеш.” – изусти нечујно и сосем разочарано го забрза чекорот поред него.
Во тој момент тој се сети на сите моменти кои ги помина со неа, иако беа малубројни. Сите нејзини насмевки, сите нејзини глупости и сите нејзини мани и доблести. Свати дека сака кога се лути и дека иако не сака да признае без таа да му го искомплицира животот , тој би живеел досаден едноличен живот без возбуда, без љубов и без треперења. Никогаш не си признаа ништо, но таа овој пат најде храброст си го погази своето его и му ја призна љубовта, кажувајќи му што чувствува. Размислуваше колку му е прекрасно кога ги чита нејзините заведувачки пораки и комплицирани мисли и колку насмевката на неговото лице останува потоа цела вечер, а во неговиот сон се појавува само таа. Тогаш тој навистина сфати. Ја потегна за црниот ракав од капутот, ја вовлече во својата прегратка и инстинктно ја бакна. Усните им се допреа за прв пат, тој конечно и го почувствува забрзаниот пулс кој таа му го опиша, а таа сега вечно ќе го запаметеше неговиот топол стисок околу нејзината тенка половина.
“Те сакам…” – изусти тој. ” Јас отсекогаш те сакав, и не можам да те оставам да си одиш” – рече отсечно во полуздив и воздивнувајќи повторно ја бакна.
Нивната љубов беше преголема, но егото уште поголемо. Да не беше таа тој немаше никогаш да признае дека всушност живее за неа, никогаш немаше повторно да се заљуби, а камо ли да најде друга како неа.
Љубовта е отсечна, вечна, љубовта е онаа која не преминува во навика по неколку месеци врска. Љубовта е онаа која со секој ден поминат прераснува во невозмжна страст на две души. Љубовта е да сакаш некој друг, повеќе од самиот себе. Љубовта е да ја прегазиш гордоста и да се спуштиш наземи. Љубовта сум јас, љубовта си ти, љубовта сме јас и ти заедно.
Љубовта сме ние, засекогаш…
– Јаневска Марија, 2009

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.