Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека државата оди и се враќа во геополитичката зона надвор од европските вредности. Во обраќање Османи посочува:
„Ќе се вратиме во орбитата на српско-руското влијание, во една мрачна сфера каде што нема европски вредности, туку авторитарност и понижување. И тогаш, ниту историјата ниту нашите деца нема да ни го простат молкот“, порача тој.
Османи предупредува дека Албанците, но и државата во целина, се наоѓаат пред драматична историска ретроградност, како резултат на власта која, како што рече, го поништува концептот на државотворност на Албанците.
Затоа 19 октомври нема да биде само избори за Чаир, ќе биде одлука дали прифаќаме држава изолирана од ЕУ“, рече Османи
Осман вели дека анкетите покажувале пораз на коалицијата „Вреди“ од 3:1, но тоа не била суштината на локалните избори. „19 октомври е единствената шанса. Не за да го победиме ‘Вреди’, на анкетите веќе покажуваат резултат 3 спрема 1, туку за да не дозволиме да создадат нов ‘Вреди’.
Пронајдете не на следниве мрежи:


