Обама во Јад Вашем и на гробовите на Херцл и Рабин

Последниот ден од посетата на Израел, американскиот претседател Барак Обама ги посети последните почивалишта на Теодор Херцл, основачот на модерниот ционизам и убиениот израелски премиер Јицак Рабин, а во Јад Вашен им оддаде почит на милионите убиени Евреи во холокаустот.

 Американскиот претседател Барак Обама во петок попладне ќе отпатува во соседен Јордан каде што ќе се сретне со кралот Абдула, клучниот американски сојузник во регионот со кого ќе разговара за клучните проблеми на Блискиот исток, особено за граѓанската војна во Сирија.
Претходно Обама ги посети ерусалимските гробишта Маунт Херцл и положи венец на гробот на Теодор Херцл, според кого и се именувани гробиштата, ционистички визионер кој починал четири децении пред основањето на еврејската држава. Функционери појаснија дека овој чин бил наменет за исправување на впечатокот кој произлезе од поранешниот говор на американскиот претседател во Каиро, кога се доби впечатокот дека објаснува оти легитимитетот на еврејската држава произлегува од холокаустот.
Обама положи венец и на гробот на Јицак Рабин, израелскиот премиер кого во 1995 година го уби израелски екстремист поради покренување на мировниот процес со Палестинците. „Понекогаш потешко е да запловиш во мир отколку да запловиш во војна”, рекол американскиот претседател обраќајќи и' се на ќерката на рабин – Далила.
Пред завршниот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Обама го посети и меморијалниот комплекс Јад Вашем и им оддаде почест на убиените во холокаустот од Втората светска војна. Пред заминувањето за Јордан, американскиот претседател ќе има и завршен разговор со претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас и ќе ја посети базиликата на Рождеството Исусово во Витлеем.
Макфакс
Последниот ден од посетата на Израел, американскиот претседател Барак Обама ги посети последните почивалишта на Теодор

Пронајдете не на следниве мрежи: