петок, 13 ноември 2026
Најново

Обвинетите сами ќе треба да поднесуваат барање за амнестија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог закон за амнестиоја што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен.
Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со Предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април минатата година.
– Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан, посочи Рамчиловиќ.
Се очекува денес да се состане Интерпарламентарната група за интеграција и помирување, и да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што се предлага да се донесе по скратена постапка. Детали за законскиот текст се најавени по седницата на Интерпарламентарната група, што беше формирана на иницијатива на премиерот Зоран Заев и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ составена од пратениците кои поддржаа пристапување кон уставни измени.

Поврзани вести