Обвинителството се надева дека ќе биде прифатен предлогот за притвор за случајот Царина

Обвинителката Ивана Хаџивасилевска, која го води предметот со злоупотреба на јавна набавка во Царината каде е осомничен поранешниот директор Стефан Богоев, попладнево изјави дека се бара ефективен притвор за сите четири осомничени лица поради опасност од бегство и влијание врз процесот.
Хаџивасилева се надева дека судијата на претходна постапка ќе го прифати предлогот на Обвинителството.
Хаџивасилева рече дека се работи за истрага во рана фаза.
Во случајот осомничени се четири физички лица и едно правно лице за наместен тендер за надворешна хигиена на граничните премини и терминали.
Во Кривичниот суд во тек е распитот на осомничените лица по што се очекува Кривичниот суд да излезе со информација.
The post Обвинителството се надева дека ќе биде прифатен предлогот за притвор за случајот Царина appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: