четврток, 26 ноември 2026
Најново

Обврска на сите компании е да исплатат К-15 до крајот на годината, минималниот износ е 18.141 денар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

До крајот на годината обврска на сите приватни компании е да исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Законскиот минимум за оваа година е 18.141 денар.

Согласно законот, минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, се утврдува на 40 отсто од просечната тримесечна исплатена плата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Компаниите можат да утврдат и повисок износ на регрес за годишен одмор, но и понизок доколку имаат потешкотии во работењето, односно се во загуба, под услов на тоа да се согласи синдикатот во компанијата. Доколку компанијата нема формирано синдикат, согласноста треба да се потпише со претставник на вработените.

Оваа година К-15 во јавниот сектор регресот е утврден на сума од 12.372 денари.

Поврзани вести