Првиот конвој со хуманитарна помош што денеска влезе во Појасот Газа не треба да биде последен, предупреди првиот човек на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс.
Дваесет камиони со помош од Египет влегоа во Газа, која е под израелска опсада и гранатирање.
„Убеден сум дека овој товар ќе биде почеток на постојаните напори за снабдување со основни добра – првенствено храна, вода, лекови и гориво – на жителите на Газа, на безбеден, безусловен начин без пречки“, кажа тој.
- Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во близина на иранската нуклеарна централа Бушер – се отвора прашањето дали станува збор за нуклеарен тест
- Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните
- Генерацијата Z се крева, десетици илјади млади луѓе на улиците на Германија: Се судрија со полицијата, беше активиран и воден топ (фото)
- Средба на двајца поразени автократи: Вучиќ го пречека Орбан и рече дека ќе се вратат
- Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“ поради поддршката на нападите врз Иран
Денеска, според египетските медиуми, во камионите имало храна и медицинска помош, но не и гориво, кое е неопходно во Појасот Газа, чија единствена електрана не работи.
Камиони со хуманитарна помош денеска почнаа да влегуваат во Газа преку преминот Рафах, на границата со Египет, за првпат од почетокот на конфликтот пред 15 дена.
Пронајдете не на следниве мрежи:



