Обележување на ДЕНОТ НА ШУМИТЕ 2016

На 21 –ви Март 2016 година ЈП„Македонски шуми“ заедно со  Општина Илинден  ќе учествуваат во глобалната прослава на меѓународниот празник „ДЕН НА ШУМИТЕ 2016“.
Обединетите Нации и членките на ФАО – Организацијата за храна и земјоделство, одлучија да го прогласат 21 март за Меѓународен ден на Шумите, и секоја година да се прославува низ светот со пригодни активности на пошумување и дебати за улогата на шумите во животот на луѓето на Земјата. Материјали и слики од активностите се објавуваат на нивниот официјален сајт: http://www.fao.org/forestry/international-day-of-forests/en
Република Македонија ќе учествува во прославата на Денот на шумите на 21-ви Март (понеделник)  во 12 часот со учениците од Основните училишта „Гоце Делчев“ од Илинден, „Ристо Крле“  од Кадино, и средното учулиште „Илинден“ од Илинден, кои  на локалитет одреден од Општината ќе посадат околу 500 садници под мотото „ Шума на младоста – жив споменик на младите за идните генерации“.
Учеството на сите граѓани кои сакаат да се придружат на оваа прослава  е добредојдено.
ЈП – Македонски шуми

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.