Израелските воени авиони продолжуваат со воздушните напади во Појасот Газа, уривајќи и уништувајќи згради, а делови од градот оставаат во пламен и урнатини.

Како што може да се види на видеата споделени на социјалните мрежи, во последните неколку часа борбени авиони нападнаа две високи згради во Газа, кои ги користеа високи претставници на Хамас за нивните терористички операции.
Снимките од уништувањето на зградите во центарот на градот кружат низ медиумите, додека организацијата Хамас ги распоредува своите воени сили во срцето на цивилното население во Појасот Газа.
Времето не е случајно?
Ракетните напади на Хамас врз Израел се случија на годишнината од војната во 1973 година, ненадеен напад од арапските соседи на Израел кој започна на 6 октомври 1973 година.
Израел ја нарекува војната „Јом Кипур војна“, бидејќи нападот започна на Јом Кипур, најсветиот ден од еврејскиот календар, пишува Си-Ен-Ен.
Евреите обично го празнуваат денот со пост и покајание за своите гревови во текот на претходната година. Во поголемиот дел од арапскиот свет, таа е позната како војна на 6 октомври и се смета за победа.
- Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците
- Вработен во Центар за вработување излажал корисник на социјална помош и си присвоил 18.000 денари
- Пукна љубовта меѓу Вашингтон и Киев?
- Возел мопед без возачка дозвола, изгубил контрола и тешко се повредил
- Димитриески: Најчесно би било оние кои заминуваат да го вратат мандатот
Неколку стотици луѓе се ранети, а најмалку 100 загинати во ракетниот напад што утринава беше извршен од Појасот Газа врз јужен и централен Израел. Хамас ја презеде одговорноста, а Израел прогласи воена состојба и започна контранапад.
Пронајдете не на следниве мрежи:



