Облачно време со дожд и снег, ќе дува и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремни врнежи од дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од -2 до 9 степени, а дневната од 5 до 15 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура од 11 степени.
За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од -2 до 3 степени, а дневната во интервал од 6 до 18 степени.
За време на викендот ќе имаме слично време со максимална дневна температура до 19 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.