Облачно време со слаб дожд, нов влажен бран со обилни врнежи од дожд и снег во сабота

Времето во Република Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег.
Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од два до 10 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно со слаб локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Во петок времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Во сабота се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.