Облачно и врнежливо

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во источните делови во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од -1 до 5, а дневната од 2 до 10 степени Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла и ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 5 степени.
Значително затоплување се очекува да настапи од петок, и тоа особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.