Облачно и нестабилно време со пороен дожд

Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Утринската температура низ Македонија ќе биде од 8 до 15, а дневната од 14 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време, утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Од Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во наредните денови времето ќе биде врнежливо со појава на


-Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.
Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.
ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.