Облачно и студено време

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно и постудено, во северните и источните делови на планините и на повисоките места со услови за слаб повремен снег. На повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од два до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди . Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег. Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.