Облачно и студено време

Времето во Македонија ќе биде со зголемена облачност и ќе дува умерен североисточен ветер, па дневната температура дополнително ќе се намали за два до три степени. Во крајните јужни делови и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд.


Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, зголемена облачност со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
Во петок, како и за време на викендот ќе биде стабилно, а температурата повторно ќе биде во пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.