Облачно со врнежи од дожд и снег

Денес претпладне времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север и на некои пониски места ќе бидат од дожд и снег. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а на планините ќе се формира и снежна покривка.
Минималната температура ќе се движи од -2 до плус 4 степени, а дневната од 3 до 10 степени Целзиусови.
Во следните два дена ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток. Утринските температури ќе се спуштат до -10 во среда. Утринската во среда ќе остане под нулата насекаде во Македонија и ќе се движи од -10 до -3 степени. Утре минималната ќе биде од -6 до плус 2 степена, во четврток од -8 до -1, во петок од -5 до плус 2 степена и во сабота од -1 до плус 5 степени.
Дневната температура утре ќе се движи од 0 до 7, во среда од 1 до 8, во четврток од 0 до 6, во петок од 3 до 8 степени и во сабота од 5 до 10 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.