Облачно со дожд и ветер

Времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со .грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.