четврток, 12 ноември 2026
Најново

Облачно со дожд, на планините ќе паѓа снег

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава ќе биде претежно облачно. Ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините врнежи од снег.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната температура ќе се движи од четири до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно.Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до пет степен.
Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.

Поврзани вести