четврток, 12 ноември 2026
Најново

Облачно со дожд, температурите над нула

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Синоптичарите за денеска најавуваат претежно облачно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни и ќе наврнат и над 30 л/м2. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе бидат над нулата и ќе се движат од седум до 14 степени, а дневните од 11 до 19 степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 18 степени.
Утре се очекува преодно стабилизирање на времето, а веќе од вторник попладне и во следните денови се најавуваат нови врнежи од дожд.

Поврзани вести