четврток, 12 ноември 2026
Најново

Облачно со локален дожд, на планините снег

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес во Македонија ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег. Во текот на денот ќе има разведрување. Во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 1 степен до 3 степени над нулата, а дневната од шест до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време, утринската темература ќе се спушти до 1 степен Целзиусов, а дневната ќе достигне девет степени.

Поврзани вести