четврток, 12 ноември 2026
Најново

Облачно со локален дожд, снег на повисоките места

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно со локален дожд, а на повисоките места и на планините снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од еден до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Следува период на променливо облачно и постудено време со локален дожд, а на повисоките места и на планините снег. Услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Поврзани вести