четврток, 26 ноември 2026
Најново

Обрадовиќ не си оди од Партизан, челниците му порачаа: „Отпуштете ги сите играчи ако сакате, ќе ти донесеме нови“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Челниците на кошаркарскиот клуб Партизан денес ја отфрлија оставката поднесена од тренерот Жељко Обрадовиќ, а српските медиуми ги дознаа и деталите од разговорот што претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ го имал со легендарниот тренер.

Имено, Управниот одбор на Партизан едногласно ја отфрли оставката на Обрадовиќ и му изгласа апсолутна доверба, а Мијаиловиќ докажа дека тоа не е само „писмо на хартија“, кој му даде неограничена доверба на тренерот со најмногу трофеи во Европа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Имено, доколку ја повлече својата оставка, Обрадовиќ ќе има одврзани раце да отпушти играчи за кои смета дека не ја оправдале довербата што досега им ја покажал.

„Отпуштете ги сите играчи ако сакате, ќе ви донесеме нови, ќе го замениме целиот тим“, му рекол Мијаиловиќ во денешниот разговор.

Обрадовиќ се враќа во Белград од Атина попладнево, а навивачите на Партизан ќе му приредат организиран пречек на аеродромот „Никола Тесла“.

Поврзани вести