недела, 29 ноември 2026
Најново

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ: Зошто никогаш не треба да спиете на стомак

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многу луѓе не обрнуваат внимание на тоа како спијат, но постои една положба што дефинитивно треба да ја избегнувате, а која може да предизвика одредени последици.

Според „Бенден Хелт“, повеќето луѓе спијат на десна страна, но спиењето на лева страна е најдобро. Експертите исто така предлагаат спиење на грб со перница под колената и предупредуваат дека спиењето на стомак може да доведе до здравствени проблеми.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Д-р Шерил Литго, специјалист за спиење, предупреди дека спиењето на стомак може да го оштети ‘рбетот, зглобовите и нервите, што доведува до хронична болка во вратот и грбот. Оваа положба може да го зголеми и ризикот од респираторни проблеми поради дополнителната тежина на белите дробови и другите респираторни органи.

„Позициите за спиење што вршат прекумерен притисок врз ‘рбетот, како што е лежењето на стомак или свитканоста во фетална положба, можат да ја влошат физичката непријатност. Овие позиции често водат до неправилно порамнување на ‘рбетот и зголемен притисок врз вратот и долниот дел од грбот, што потенцијално резултира со хронична болка и нарушени навики на спиење“, рече таа.

Од друга страна, спиењето на лева страна се смета за најздраво бидејќи го подобрува варењето и циркулацијата.