Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн, документ претходно усвоен од Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес, Министерството за правда во рок од 30 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се овластува Министерството за правда на САД да објави досиеја поврзани со Џефри Епштајн, покојниот осуден педофил и милионер кој се дружеше со многу влијателни и познати луѓе.
– ЈАС ТУКУШТО ГО ПОТПИШАВ ЗАКОНОТ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОСИЕАТА НА ЕПШТАЈН! – напиша Трамп во карактеристичен пост со големи букви на својата социјална мрежа Truth (Вистина Социјал).
„Скај њуз“ објави дека на објавата ѝ претходел долг вовед чија цел била дискредитација на Демократската партија.
– Демократите го искористија прашањето за „Епштајн“, кое ги засега многу повеќе отколку Републиканската партија, за да се обидат да го одвлечат вниманието од нашите НЕВЕРОЈАТНИ победи – рече шефот на Белата куќа.
Британската телевизија објави дека






