четврток, 12 ноември 2026
Најново

Објавено писмото на Димитров со кое Македонија се откажува од македонска националност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пимото потпишано од министерот Никола Димитров што вчера беше испратено за да се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба потврдува дека ознаките Македонско, македонски, „macedonian“ не се за етничка или национална припадност туку само за државјанство.
Македонија со писмото до грчката страна се согласила означувањето за „nationality“ во кое ќе стои „macedonian/citizen of North Macedonia“ согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.


Во документот кој го објави порталот expres.mk македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на своите партнери во Атина им пишува дека и формално прифаќа дека „македонско“ или „macedonian“ нема да означува националност, туку државјанство.
Во документот кој го лиферуваат грчките извори јасно се гледа дека македонската влада се откажува од „македонски“ како припадност на нација.


Во документот се зборува и за македонскиот јазик, кој според владата во Скопје е од групата јужнословенски јазици.
Македонската влада тврди дека со договорот се бетонира македонскиот национален идентитет.

Поврзани вести