Романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во Хрватска преку издавачката куќа Неолит. Преводот на хрватски го направил Ивица Баковиќ, како што објави македонската издавачка куќа „Или-или“. Ова е третото издание на романот во регионот, откако претходно беше преведен на бугарски и српски јазик, со оглед на тоа што романот ја доби наградата за Роман на годината во 2021 година. За книгава, хрватскиот издавач Неолит вели: „Денот на црвот“ ја носи атмосферата на сива есен, комбинирајќи ги и испреплетувајќи ги ликовите, настаните и мотивите, создавајќи врски кои на прв поглед изгледаат неповрзани. На почетокот, дождовниот црв го изразува своето чудесно преживување, со кажувањето дека не било запишано. Но, она што е навистина запишано, во овој исклучителен дебитантски роман на Симона Јованоска, кој доби признание како Роман на годината, е длабоко скриено помеѓу редовите. Флуидната игра на присуство и отсуство, како и меѓусебната поврзаност од различни гледишта, создаваат мозаик од разновидни животни приказни кои трајно се врежуваат во умот на читателот. Взаемните односи на црвот, чавката, киднаперите и другите ликови, кои би можеле да го претставуваат секој од нас доколку работите малку поинаку се сложат, се испреплетуваат во компактна целина.



