Оваа диета е “виновникот” за совршено извајаните стомачни мускули на Џенифер Лопез

Латино пејачката Џенифер Лопез е позната како љубителка на фитнесот и здравиот начин на живот.
Таа секојдневно вежба во друштво на своето момче Алекс Родригез, а тие двајца осмислија предизвик кој за кратко време стана вирален. Станува збор за фитнес предизвикот “10 дена без шеќери и јаглехидрати”.
Џеј Ло објавила фотографија од своето тело на четвртиот ден од диетата која е позната и како Кето диета. Покрај фотографијата од своите совршени стомачни мускули, таа напишала:
“Четврти ден, се чувствувам малку подобро. Кој е со мене?”.

Кога сте на Кето диета, дозволени намирници се: месо, јајца, природни масти како путер и маслиново масло, риба и морски плодови, зеленчук со намален удел на јаглехидрати, тврди сирења, јаткасти плодови, а дозволени се и бобинки.

 

View this post on Instagram

 

Back in black ? but just for a day… RIP to all the calories I just laid to rest in the gym… lol

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Забранети намирници се оние кои содржат големи количини на шеќери и јаглехидрати, а тие се: тестенини, леб, сокови, слатки, компири, овошје, пиво, млеко и јогурт со намален удел на масти.
Дека оваа диета не е баш најлесна, признала и самата пејачка уште првиот ден:
“Постојано сте гладни кога не јадете слатки и јаглехидрати. Затоа сега пробуваме да пронајдеме оброци кои доволно ќе нѐ заситуваат”, признала атрактивната Лопез.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.