Оваа мачка ќе ви го освои срцето со нејзините смешни изрази

Постојат луѓе што се опседнати со мачки, па на Интернет можете да најдете мачки што танцуваат, намуртени мачки или мачки што прават гримаси и сите тие имаат илјадници (ако не и милиони) обожаватели од целиот свет. Мачката Манго не е исклучок од ова правило. Оваа мачка е дел од едно јапонско трио кое во моментов има над 300 илјади следбеници на својот профил на Инстаграм. И покрај тоа што профилот им е заеднички, Манго е дефинитивно во центарот на вниманието. Тоа е така затоа што ова крзнено животно прави многу смешни изрази, па во продолжение погледнете дали можеби некогаш и вие сте имале некој сличен израз на вашето лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.