Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

Седечкиот начин на живот стана глобална здравствена криза. Експертите сè повеќе го споредуваат со пушењето, бидејќи продолженото седење го зголемува ризикот од сериозни болести и предвремена смрт. И покрај бројните предупредувања, повеќето луѓе сè уште поминуваат премалку време движејќи се, пишува „Tајмс оф Индија“.

Според Светската здравствена организација, четири до пет милиони смртни случаи годишно би можеле да се спречат со само малку повеќе дневна физичка активност. Но, реалноста е поразителна: еден од четири возрасни лица и четири од пет адолесценти не се доволно активни. Премногу време се поминува седејќи, на работа, во автомобил или пред екран, создавајќи тивка епидемија што станува еден од водечките фактори на ризик за незаразни болести.

Зошто движењето е клучно?

Според „Тајмс оф Индија“, докажано е дека редовната физичка активност:

Го намалува ризикот од неколку видови на рак за 8 до 28 проценти

Го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар за 19 проценти

Го намалува ризикот од дијабетес за 17 проценти

Го намалува ризикот од депресија и деменција за 28 до 32 проценти

Британскиот лекар д-р Ранган Чатерџи, со над 23 години искуство, предупредува: „Ако сакате добро здравје на мозокот и срцето и ако сакате да функционирате најдобро како што стареете, треба да го движите вашето тело.“ Тој додава дека ништо не треба да застане помеѓу нас и движењето што го одржува телото здраво.

Ново истражување објавено во списанието на Канадската медицинска асоцијација покажа дека активноста:

Го намалува ризикот од хронични заболувања

Ја одржува силата и мобилноста

Ја зголемува независноста во староста

Д-р Чатерџи, исто така, ја наведува својата рутина: „95 проценти од времето одам пеш барем еден час на ден. Тоа е моја свесна одлука.“

Што можете да направите сега за да го намалите влијанието на седечкиот начин на живот?

Можете веднаш да реагирате, а експертите нудат овие совети:

Станете и прошетајте накратко на секои 30 минути.

Паркирајте го автомобилот малку подалеку и прошетајте се

Качувајте се по скалите и користете го лифтот помалку.

Шетајте наоколу за време на телефонски разговори, не седете.

The post Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: