Кога се зборува за спорт, се подразбира дека фудбалерите се меѓу најбогатите спортисти во светот.
Големите спортски и спонзорски договори ги издвојуваат на врвот, а предничат Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои важат за најдобри фудбалери во 21 век.
- Мохамед бин Салман се сели меѓу палати со бункери, Саудиска Арабија останува без пресретнувачи за одбрана од Хутите
- Ужас на екскурзија: Експлозија одекна меѓу учениците, има мртви и повредени – евакуацијата е во тек, шокантни сцени во Израел (ВИДЕО)
- Нетанјаху бара да се откријат и гонат војниците кои сведочеле во документарецот „НАЗА“
- Корисниците на WhatsApp наскоро ќе добијат можност за закажување пораки
- Кои алкохолни пијалоци се најштетни за мозокот? Некои се особено опасни
Сепак, 33-годишна спортистка од Данска е побогата од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, на како тоа воопшто е можно ?
Ана Каспржак се занимава со коњички спортови. Таа нема освоено медали на Олимпијада или на големи натпреварувања. Но, тоа не е толку важно, бидејќи нејзиното богатство се проценува на 1,3 милијарди долари.
Секако, спортот е само делумно застапен во оваа бројка. Факт е дека Ана Каспржак заедно со нејзиниот брат Андреј и нивната мајка Хани е сопственик на светски познатиот дански бренд на чевли. Компанијата ги продава своите производи во 90 земји.
Компанијата е основана од нејзиниот дедо Карл Тузбуј во 1963 година, а според магазинот Forbs, компанијата генерира продажба од околу 1,46 милијарди долари годишно.
Ана Каспржак се натпреварува во дисциплина наречена дресирано јавање. Таа освои медали на ЕП во јуниорски категории, а двапати ја претставуваше Данска на Олимписките Игри. Најдобар резултат е 14. место во поединечна конкуренција и 4. место во екипна конкуренција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



