Оваа сцена од гробот на Шабан Шаулиќ е трогателна: Неутешната вдовица пролева река од солзи – Дури и по толку години, болката не исчезнува (фото)

Легендарниот фолк пејач Шабан Шулиќ почина пред седум години на денешен ден, оставајќи неизбришлив белег на балканската музичка сцена. 

Трагедијата се случи на 17 февруари, кога тој го загуби животот во сообраќајна несреќа враќајќи се од настап во Германија.

Автомобилот во кој се наоѓал бил удрен од друго возило, а веста за неговата смрт длабоко ја потресе јавноста и бројните обожаватели на неговата музика.

Колку Шабан бил почитуван и сакан меѓу своите колеги, сведочи фактот што дури и денес неговиот лик и дело се паметат со почит и тага, додека неговите песни продолжуваат да живеат и да го наоѓаат својот пат до новите генерации.

Како што прават секоја година на овој ден, неговите најблиски членови на семејството, пријатели и соработници се собраа на гробиштата за да му оддадат почит.

Вдовицата Гордана Шаулиќ беше меѓу првите што пристигнаа на гробиштата, заедно со своите ќерки Илда и Санела, како и неговиот син Михајло.

Се чини дека и по толку години, тагата не стивнала, бидејќи Гордана стоеше покрај неговиот гроб видливо потресена, не криејќи ги солзите, со стиснати раце како да се моли, и во еден момент се наведна и нежно ја погали неговата фотографија.

The post Оваа сцена од гробот на Шабан Шаулиќ е трогателна: Неутешната вдовица пролева река од солзи – Дури и по толку години, болката не исчезнува (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: