Оваа фотографија е доказ дека судбината постои: По 28 години, жена ја откри вистината за својот брак

На социјалните мрежи се шири фотографија стара речиси 30 години , на која Брена Џенингс открила дека мажот со кој подоцна ќе се омажи седи во позадина, речиси незабележано, додека таа била на состанок со некој друг.

Фотографијата е направена во мај 1998 година на домашна забава во Бостон. „Бев на каучот со моето момче и се омажив за типот до прозорецот“, напиша Џенингс.

Тоа беше последното собирање што таа и нејзините цимерки го организираа во станот во кој живееја по колеџот, непосредно пред да се разделат и да тргнат по свои патишта.

Во тоа време, Џенингс била во врска околу еден месец со мажот што седел на каучот. Се запознале на музички настан таа пролет. „Бевме млади, живеевме во градот и уживавме во нашето време заедно“, рекла таа.

Стив Де Тролио, човекот покрај прозорецот, а сега нејзин сопруг, беше еден од нејзините цимери. Работеа во спротивни смени и не се дружеа многу. „Мислев дека е малку чуден и во ниту еден момент не помислив дека е мој тип. Беше смешно кога ми праќаше порака од своето момче велејќи: „Таа манекенка се јави“, додаде Џенингс.

Врската со нејзиното момче во тоа време заврши неколку месеци подоцна, бидејќи нивните животни патишта ги одведоа во различни насоки. Тогаш немаше мобилни телефони, па затоа одржувањето врска на далечина беше тешко. „Немам ништо лошо да кажам за него, имавме забавни неколку месеци во еден возбудлив период од нашите животи“, рече таа.

Во среќен брак

Пресвртот се случи откако истече договорот за закуп. Стив отиде во Калифорнија на еден месец и го замоли Џенингс да се грижи за стерео уредот додека тој е отсутен.

После тоа почнаа да разговараат по телефон и нешто се промени. „Во еден момент сфатив колку е забавен, паметен и приземен, и се фатив себеси како мислам дека всушност навистина ми се допаѓа“, се присети таа.

Додека се вратил во септември, чувствата му биле јасни. Тие почнале да се забавуваат во декември, а наскоро тој се преселил да живее со неа.

Денес, тие се во брак речиси три децении, живеат во Нова Англија и заедно ги поминале сите животни подеми и падови – од финансиски проблеми до родителство. Посвоиле десетици кученца и се соочиле со загуби, но сепак се заедно и среќни.

The post Оваа фотографија е доказ дека судбината постои: По 28 години, жена ја откри вистината за својот брак appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: