“Ова видео го покажува крајот на нејзината кариера”

Џенифер Лопез изгледа фантастично во 50-тата година, а нејзината изјава за мажите помлади од 33 години предизвикала расправа на социјалните мрежи.
Атрактивната пејачка се појавила во епизодата “Swipe Sessions”, кратко шоу кое го објавува апликацијата за запознавање “Tinder” на својот Јутјуб канал.

Во снимката, Џеј Ло пробала да ѝ помогне на 29-годишната Брук да одбере мажи на “Tinder”, а на еден нејзин избор пејачката рекла дека мажите “помлади од 33 години се навистина бескорисни”. Ваквата изјава налутила многу луѓе кои го изразиле своето незадоволство под видеото, а некои порачале дека, во случај ова да беше изјавено од страна на маж, тоа веднаш би се нарекло “сексизам”.


Според едно истражување од 2013 година, Џенифер Лопез би можела да биде во право. Заклучоците од студијата велат дека мажите не созреваат дури до 43-тата година, што според истото истражување, е дури 11 години подоцна од жените.
Инаку, Лопез моментално ги полни насловните страници на таблоидите поради обвиненијата од Плејбој зајачицата Зои Грегори која тврди дека Алекс Родригез, вереникот на пејачката, ѝ испраќал пораки со сексуална содржина и ја наговарал на секс во тројка пред да ја запроси Џеј Ло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.