Ова детенце кое „готви“ со баба му навистина ќе ве насмее до солзи

Готвењето вкусна храна не е лесно, а особено не е кога имате мало дете до вас кое ви „помага“. Ова видео стана вирално, а на него можете да видите едно слатко детенце кое се обидува да подготви вкусни колачиња со својата баба. Колачињата на крајот излегуваат совршени, а процесот на подготовка навистина насмеа многу луѓе.
На видеото малото момче носи престилка и готварска капа и е спремен да ги испече колачињата. Има само еден проблем. Тој сака да ги проба сите состојки. Путерот, шеќерот, па дури и брашното и јајцата. Тој е убеден дека треба да проба сè. Секоја чест за бабата која пробува да ги контролира нејзините напади на смеење во целиот процес.
Ова видео има голема гледаност, а корисниците на социјалните мрежи велат дека им било многу смешно што тој се движел премногу брзо и баба му не можела да направи ништо. Сите сакаат да го видат момчето како „готви“ и друга храна, а во продолжение погледнете за што станува збор. Се надеваме дека ќе го разубави и вашиот ден!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.