Ова е бројот на килограми што е разумно да се изгубат за три месеци

Кога тргнувате на патот на губење на тежината, нормално е да се постават одредени цели. Многумина честопати претеруваат и сакаат да ја намалат облеката за два конфекциски броја во рок од неколку месеци, но потребно е да се размислува за многу повеќе фактори, покрај самата исхрана.
Имено, на слабеењето влијаат здравата исхрана, физичката активност, но и управувањето со стресот и здравиот сон.
Ако целта ви е да ја средите линијата до Нова година или во рок од три месеци, добро е да знаете што е безбедно, или колку килограми можете да изгубите во тој период, без да му наштетите на организмот.
За губење на тежината да биде одржливо, тоа мора да биде постепено.
-Според Националниот центар за здравје на срце, бели дробови и крв, како и Центрите за контрола и превенција на болести и многу други експерти, лица кои постепено губат тежина, што значи половина килограм до килограм неделно, се поуспешни во одржувањето на резултатите, вели лекарот. Стефани Картер.
Од друга страна, ова значи дека е разумно да изгубите шест до 12 килограми во период од три месеци.
-Тоа значи дека треба да имате мета од два до четири килограми месечно, додава тренерот Дана Еве Болиг.
Може исто така да се случи првично да изгубите тежина побрзо, а потоа да стагнирате што понекогаш ги фрустрира луѓето. Сепак, тоа не е знак дека треба да се откажете.
Телото првично губи многу вода и затоа има повидлива промена на вагата, објасни Картер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.