Ова е единствениот ресторан на McDonald’s во Светот кој нема жолто лого: Дали знаете зошто?

Овој ресторан стана една од првите работи што туристите одат да ги видат бидејќи никој не верува дека тој навистина постои.
Кога ќе го слушнете зборот McDonald’s, веројатно автоматски помислувате на жолто, односно на логото, но има еден ресторан во Светот што го нема тоа, или тој има знак М во друга боја – сина!
Градот Седона во Аризона е познат по зачувување и промовирање на природни убавини како што се црвени карпи и згради, па кога во 1993 година се отворил ресторан за брза храна, локалниот совет сугерирал дека буквата М не треба да биде жолта – бидејќи тоа ќе го расипе прекрасниот пејзаж – туку да биде сина.
Нивниот предлог бил одобрен, а синото лого до денес стана многу популарно – толку многу што е едно од првите работи што туристите одат да ги видат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.