Ова е единственото место на светот каде што нема заболени од рак

Стариот народ Хунзи е сместен на самата граница од Пакистан и Индија, а познат е по тоа што нивниот животен век трае од 110 до 120 години.
Затоа нивната татковина се нарекува “оаза на младоста“. Речиси никогаш не се болни, а благодарение на гените секогаш изгледаат младолико.
Тие се вистнски пример дека речиси идеалниот начин на живот навистина постои. Се капат во ладна вода дури и на температура од минус 15, а жените и на 65 годишна возраст раѓаат деца.
Во текот на летото јадат сирово овошје и зеленчук, а во текот на зимата консумираат суви кајсии, житарици и овчо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, а тој период е познат како “гладна пролет“. Името го добил по тоа што овошјето тогаш е сè уште незрело и тогаш тие пијат само сок од кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци и го сметаат за многу важен за своето здравје и начин на живот.


Протеините ги внесуваат во најмали количини, а дневно внесуваат повеќе од 1.933 калории од кои 50 грама протеини, 36 грама масти и 365 грама јаглени хидрати.
Тие заклучиле дека главниот фактор за долговечен живот е здравата исхрана.
Шкотскиот доктор Мак Харисон по враќањето во Англија направил експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна од лондонските семејства во која имало леб, преработен шеќер, конзервирана храна и готвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана кај животните се појавиле различни болести. Втората група се хранела со храната од Хунзите и останала совршено здрава.


Книгата „Хунза – луѓето кои не знаат за болест“ од авторот Р. Бирчер, ја истакнува главната карактеристика на нивната исхрана, тврдејќи дека таа е клучна за нивната исхрана:
„Тоа е вегетаријански начин на исхрана, голема количина сирови намирници, доминантни се овошјето и зеленчукот, природните производи без хемикалии, намирници кои се подготвуваат така што ќе ги сочуваат своите биолошки вредни материјали, алкохол и слатки работи не се консумираат и се почитува редовниот период на “гладување““.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.