Newsweek направи паралела со историскиот договор од Јалта во 1945 година.Во текстот на овој портал се наведува дека актуелните геополитички процеси, особено оние поврзани со решавањето на конфликтот во Украина, може да доведат до нешто како „нова Јалта“ – односно поделба на светот меѓу водечките сили, слично на поделбата на Европа по Втората светска војна.Поделба на светот по бојаНа прикажаната карта, сферата на влијание на Русија (означена со црвено) ја опфаќа цела Европа, Закавказ и Турција. Соединетите Американски Држави (сина) доминираат во Северна Америка и Гренланд, додека Кина (жолта) се проектира како доминантна сила во Југоисточна Азија, вклучувајќи ги Јапонија, Индија и Пакистан.
Tak to dík, kluci. https://t.co/ud9w2gsMW1 pic.twitter.com/APkmUg3rxs— Poslední skaut™ (@Posledniskaut) April 13, 2025
Регионите како Централна Азија, Блискиот Исток, Африка, Латинска Америка, Австралија, Нов Зеланд и Монголија остануваат надвор од директна контрола на која било од трите сили, но порталот забележува дека Централна Азија може да стане сцена на ривалство меѓу Русија и Кина.Промените во американската надворешна политика отвораат просторNewsweek ја поврзува оваа потенцијална прераспределба на глобалната моќ со, како што велат, „кардиналните промени“ во надворешната политика на САД.Лидерот на Европската народна партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер, на почетокот на април изјави дека светот веќе е навлезен во фаза на формирање нов светски поредок, поради промената на надворешнополитичкиот курс на Вашингтон.– Поради политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, многу земји почнуваат да се дистанцираат од Вашингтон и бараат нови партнери – изјави Вебер.Пекинг и Москва како оска на стабилностОд друга страна, шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, истакна дека односите меѓу Кина и Русија стануваат клучен „стабилизирачки фактор“ во светот кој минува низ турбулентни промени.Неговата изјава дополнително го илустрира растечкиот стратешки сојуз меѓу Пекинг и Москва, што многу аналитичари го гледаат како противтежа на влијанието на САД на глобално ниво.