Затворската колонија каде што рускиот опозициски лидер и најгласен критичар на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални, ја издржуваше казната, ѝ кажа на мајка му дека тој починал од „синдром на ненадејна смрт“, рече членот на тимот на Навални, Иван Жданов.
Жданов на мрежата Х објави дека семејството на Навални чека да го побара телото.
Тимот на Навални тврди дека тој е убиен и ги обвинува руските власти дека го чуваат неговото тело за да ги „покријат трагите“.
- (Видео) Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ, кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСММицкоски го копира Вучиќ, и кога нема одговори за „Алта банка“, се… Read more: (Видео) Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ, кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСМ
- Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за напуштање на живеалиштетоЧетириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил дополнителни мерки за претпазливост –… Read more: Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за напуштање на живеалиштето
- Судот во Луксембург пресуди во корист на руската компанијаАдминистративниот суд во Луксембург ја поништи одлуката на тамошното Министерство за финансии,… Read more: Судот во Луксембург пресуди во корист на руската компанија
- Овој чај го штити срцето: Луѓето кои го пијат редовно имаат помал ризик од сериозни болестиИстражувањата покажаа дека луѓето кои редовно пијат чај имаат 11 проценти помал… Read more: Овој чај го штити срцето: Луѓето кои го пијат редовно имаат помал ризик од сериозни болести
- Доаѓа младата месечина во Шкорпија: 9 ноември е клучен – 3 знаци очекуваат нов почетокМладата Месечина нè очекува на 9 ноември во водниот знак Шкорпија и… Read more: Доаѓа младата месечина во Шкорпија: 9 ноември е клучен – 3 знаци очекуваат нов почеток
Рускиот опозиционер Алексеј Навални почина на 47-годишна возраст во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец!
Информацијата за смртта на Навални во петокот ја потврди Одделот на Федералната поправна служба.
- На 16 февруари во воспитно-поправна колонија број 3, осудениот Наваљни А.А. се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш изгуби свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош – се наведува во соопштението.
Беа извршени сите неопходни мерки за реанимација, но, како што се наведува, не дале позитивни резултати.
- Лекарите од итната помош констатирале смрт на осудениот. Причините за смртта се утврдуваат – се додава во соопштението.
Федералната казнена служба на Русија исто така соопшти дека испраќа комисија во поправната колонија бр. 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, каде што почина Алексеј Навални.
Еден од лидерите на руската позиција и најголем критичар на претседателот Владимир Путин, да потсетиме, минатиот август беше осуден на нови 19 години затвор под обвинение за екстремизам.
Пронајдете не на следниве мрежи:



