Ова е најважната состојка во борбата со прекумерната тежина

Секое тело бара внесување на здрава храна и редовно вежбање за да се успее во борбата против килограмите. Но, за намалување на килограмите, неопходно е и здравото варење за да се процесираат калориите од храната и за вредните супстанци да допрат во нашето тело. Ако системот за варење не функционира добро, тогаш сите обиди за слабеење ќе бидат залудни.
Сокот од лимон има големо ниво на лимонска киселина која го стимулира варењето и го намалува влијанието кое слатката храна го има на нашиот организам. За таа цел, исцедете половина лимон во чаша вода од 2,5 дл. Важно е водата да е на собна температура, бидејќи тоа значи дека на вашето тело нема да му биде потребен дополнителен напор. Колку водата е постудена, толку повеќе време ќе биде потребно за да почне процесот на варење.

Испијте ја чашата лимонада одеднаш. Важно е оваа лимонада да биде првото нешто што ќе го испиите наутро, бидејќи на тој начин таа најдобро делува. Другата половина лимон ставете ја во кеса и оставете ја за следното утро.
Добро е во лимонадата да ставите и малку ѓумбир.
Сепак, добро е да знаете дека лимонадата сама по себе нема да доведе до брзи резултати. Таа го забрзува намалувањето на килограмите, но само ако помалку јадете, а повеќе се движите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.