Ова е најздравата исхрана на светот

Дознајте кои намирници би требало да ги јадете, но и кои намирници треба да ги избегнувате за да бидете здрави и вити како луѓето кои живејат околу Средноземното море.
Медитеранската исхрана воглавно се фокусира на внесување на маслиново масло како важен извор на корисни масти и оваа исхрана е единствената на која Светската здравствена организација досега не ѝ пронашла ниту една маана. Едноставно, таа е најздрава од сите!
Ви ги претставуваме основните начела до кои се држи медитеранската исхрана, како и намирниците кои луѓето кои се хранат според неа, ги избегнуваат.
Медитеранскиот регион е познат по своите здрави рецепти и навики во исхраната која се истакнува со своите сезонски, традиционално подготвени и сосема природни прозиводи. Начинот на исхрана врзан со овој регион бил дел од разни научни истражувања уште од 70-тите години на минатиот век, а заклучоците на истражувачите биле дека луѓето кои живеат во овој регион имаат низок степен на прекумерна тежина и хронични болести како дијабестес, срцеви заболувања и покачен холестерол.
Медитеранската исхрана подразбира житарки, грав, овошје, зеленчук и риба. Се поттикнува да се јаде помалку црвено месо и производи од црвено месо, затоа што имаат преголема количина масти, калории и холестерол. Како традиционален начин на исхрана, медитеранскиот внес на храна го намалува процентот на холестерол и крвниот притисок го одржува на стабилно ниво, без лишување на телото од важните хранливи состојки кои му се потребни.


Ова се основите начела и правила на оваа исхрана. Медитеранската исхрана подразбира:
Внесување мали количини јогурт и посебни видови сирења, затоа што содржат калциум.
Внесување интегрални житарици и скроб од типот на тестенини, леб, ориз, булгур, компир.
Конзумирање риба, на скара или варена, се јаде повеќе пати неделно, а најмногу се препорачува туна, лосос или скуша, додека пак сосема се избегнува пржената риба.
Неколку пати неделно се јадат варени јајца.
Конзумирање црвено месо, но најмногу еднаш неделно.
Да се јадат по два вегетаријански оброци барем еднаш неделно.
Да се јаде зеленчук, лековите билки, житарици, свежо овошје. Ова го намалува холестеролот и помага до намалување на килограмите.


Оревите се задолжителни, затоа што содржат висок процент масти, а освен нив се пожелни и лешници и бадеми, но во умерена доза.
Да се јаде варен зеленчук.
Секогаш да се користи маслиново масло, наместо зејтин и слични масла.
Свежо овојше наместо колачи и други слатки.


Да се пие кафе/чај, но без шеќер и во умерени дози.
Намирници кои никогаш не се наоѓаат на менито на медитеранска кујна:
Преработена храна
Пржена храна (помфрит, пилешки крилца, сѐ што се пржи во длабоко масло)
Брза храна
Пијалоци со висок процент на шеќер, како газирани пијалоци и нивните диетални веријанти, како и индустриско произведените сокови.
Колбаси, сланина и хамбургери
Торти и колачи
Високо калорични обработки на месо

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.