Ова е најлесниот начин да го дезинфицирате вашиот далечински управувач

Се сеќавате ли кога последен пат го исчистивте вашиот далечински управувач? Сигурно нема да можете да се сетите. А дали знаете оттогаш колку пати членовите на вашето семејство се разболеле и гледале телевизија, користејќи го управувачот со раце полни бактерии?
Во ова време на епидемија од коронавирус дезинфицираме дома, на површините, нашите раце, мобилните телефони, но сигурно сте зборавиле на овој валкан управувач.
Со цел да го заштитите вашето здравје, како и здравјето на вашите најблиски, погледнете го следниов начин на кој можете брзо и едноставно да го исчистите најнечистиот уред во вашиот дом.
За најголем ефект, потребни ви се гел за дезинфекција на раце, хартиена крпа и чепкалка за уши. Најпрво извадете ги батериите од далечинскиот управувач, а потоа ставете малку од гелот за дезинфекција за раце врз хартиената крпа. Исчистете го најдобро што можете, а кога ќе ви останат најмалку достапните нечисти места околу копчињата, ставете од гелот и на чепкалка за уши и поминете го уште еднаш со неа.
За само неколку секунди вашиот далечински управувач ќе биде дезинфициран и ослободен од сите оние лоши бактерии кои секогаш успеваат да го најдат својот пат до вашето тело. Сега слободно можете да ги вратите батериите во него и да продолжите со гледање на вашите омилени ТВ серии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.