Ова е најмалата паричка на светот- досега се направени само 999

Швајцарија ја издаде најмалата монета на светот. Има вредност од четвртина швајцарски франк, а на сликата е познатата поза на Алберт Ајнштајн каде што тој се плази.
Според државната ковачница за пари Свисминт, паричката од 2,96 милиметри и тешка 0,063 грама, е најмала на светот.
Во соопштението се наведува дека се направени само 999 парички и ќе се продаваат за 199 франци со посебна лупа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.