Ова е најстариот спа хотел во светот, прима гости повеќе од 13 века

Најстариот хотел во светот, кој сè уште работи и привлекува клиенти од целиот свет, се наоѓа во Јапонија.
Сопствениците на „Нишијама онсен кејон“ успеаја да го задржат сите овие години, а изграден е во 705 година. И тоа, хотелот не е дури ни изграден во популарно место за туристите, ниту во главниот град.
Тоа е најстариот функционален хотел во светот, а во 2011 година беше впишан и официјално во Гинисовата книга за рекорди.


Хотелот е отворен од Јапонецот претприемач, Фудзивара Махито, кој според семејното предание, бил личен асистент на императорот.
Најважното во овој уникатен хотел се термалните води. Тој се наоѓа во префектурата Јаманаши на островот Хоншу и од моментот на неговото основање, повеќе од 1300 години, целата топла вода тече во хотелот непосредно од локалните лековити извори. Древните Јапонци ги ценеле спа- центрите не помалку од нивните современи љубители.


Самите извори претставуваат топли извори во кои водата е загреана од камењата, Јапонците ги нарекуваат уште „огнените срца на планетата”.
Во древните времиња, војниците по битките доаѓале до термалните извори за да се одморат и да им се заблагодарат на боговите за тоа што преживеале, а исто така и да закрепнат по повредите.
Низ годините, во хотелот престојувале познати цареви и самураи. За овие 13 векови, зградата е поправена десетици пати, дури и изградена речиси цела, но, хотелот продолжува да постои.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.