Ова е осомничениот за нападот во куќата на Цеца

Немања Арсеновиќ (32) викан Арса, е осомничен дека заедно со Сенад Махмути (30) во неделата, повеќе пати удирале со автомобилите во домот на српската пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ.
Арсеновиќ бил апсен поради обид за убиство на Никола Вавиќ во јануари 2017 година, кога Вавиќ беше застрелан пред познат клуб. За кривичното дело обид за убиство, истата ноќ, кратко време по пукањето, беа уапсени Лазар Вукичевиќ и Немања Арсеновиќ Арса.


Но, не е само ова дело. Неговото досие е отворено кога имал само 14 години, а за шест години, добил дури 14 кривични пријави за насилно однесување, но исто така и напад врз полицаец. На Арсеновиќ му се судеше за убиство на Дејан Дивиќ (30) и ранувањето на неговиот брат, Небојша (40) на 14 декември 2006 година во близина на стадионот „Маракана”.
Тој со првостепена пресуда беше осуден на десет години затвор, но со повторно судење беше ослободен од вината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.