Ова е повалкано од тоалетната школка и од мобилните телефони, а секој ден го носите во раце

Веќе е докажано дека ВЦ школката не е највалканото место во нашиот дом и дека кујнскиот сунѓер и мобилниот телефон имаат повеќе бактерии, но никој не размислил за женските торби.
Ајде сетете се кога последен пат, и дали воопшто некогаш, сте ја испрале или пребришале торбата која секојдневно ја носите со себе каде и да одите. Со оглед на сите работи кои ги носите внатре, но и на тоа дека никогаш не ја чистите, торбата важи за највалканиот предмет воопшто.
Една британска компанија спровела истражување во кое дошле до заклучок дека повеќето жени никогаш не ја чистат внатрешноста на торбата, а некои велат дека е повалкана дури и од ВЦ школката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.