Ова е причината поради која Џенифер го оставила вереникот и ја обнови врската со Бен Алфек

Откриена е скандалозната причина поради која Џенифер Лопез го оставила вереникот и отишла во прегратките на Бен Афлек.
Иако во моментов живеат на две различни аамерикански крајбрежја, Џеј Ло во Мајами, а Бен во Лос Анџелес, се зборува дека парот наскоро ќе се пресели на иста адреса и ќе започне заеднички живот.
После обидите да ја сокријат врската и на јавноста да ѝ ја претстават како пријателско дружење, било повеќе од очигледно дека помеѓу Џенифер и Бен има нешто повеќе.

Според странските медиуми, латино дивата и холивудскиот актер на своите најблиски им рекле дека нивната врска трае веќе два месеци.
„Кога повторно стапиле во контакт, морале да видат дали постојат искри, бидејќи не поминало многу време. Постои, и двајцата уживаат“, истакнал извор близок на парот.
Како што додал, Бенифер не го заборава минатото. Тие двајца биле верени и се разделиле пред 17 години, а сега отворено зборуваат за тој период.
„Разговарале и за минатото и за тоа зошто не им успеало. Двајцата сега имаат надеж во врската и се трудат. Позрели се и сè е поинаку“, објаснил неименуван извор.
Пред неколку денови се пишуваше дека Џенифер Лопез го оставила Алекс Родригез, со кој беше четири години во врска, односно верена две години, бидејќи кон неа се однесувал драстично поинаку кога не ги следеле папараците, и, наводно уживал во вниманието на медиумите кое го добил поради врската со латино ѕвездата.


„Алекс беше позаљубен во идејата за нив двајца како пар, отколку што го инересираше самата врска“, истакнал анонимен извор неодамна и додал дека Родригез бил заинтересиран за шоубизнис и не се однесувал како грижлив партнер кој ја обожава Џеј Ло во моментите кога никој не ги гледа.
Покрај тоа, американските медиуми пишуваат дека поранешниот спортист само ја искористувал Џенифер за да се пишува за него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.