Полицијата и форензичарите сe уште го „чешлаат“ супермаркетот во Мерфелден-Валдорф, Германија, каде маж (48) синоќа брутално ја убил својата поранешна партнерка, а потоа се самоубил.
Убиецот испукал неколку куршуми кон несреќната жена, која работела во супермаркетот како касиерка, а потоа си го одзел животот.
- Дали демократите добија нов Обама: Кој е 39-годишниот сенатор кој ги предводи сите предвидувања за 2028 година?Откако демократите победија во двата дома на Конгресот, сенаторот од Џорџија, Џон… Read more: Дали демократите добија нов Обама: Кој е 39-годишниот сенатор кој ги предводи сите предвидувања за 2028 година?
- Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор за Украина мора да биде одобрен од сите членки на НАТОГерманскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека… Read more: Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор за Украина мора да биде одобрен од сите членки на НАТО
- Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитетПретседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско… Read more: Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет
- (Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!Градоначалникот на Град Скопје, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција,… Read more: (Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!
- Погоди врз рафинериите: Русија го зголемува увозот на нафтени производи, со зголемување од 25 проценти регистрирано во октомвриУвозот на нафтени производи во Русија по море се зголеми во октомври… Read more: Погоди врз рафинериите: Русија го зголемува увозот на нафтени производи, со зголемување од 25 проценти регистрирано во октомври
Сè се случило околу 19 часот и 15 минути, додека продавницата била преполна со муштерии. Според медиумите, жртвата била на касата, а не се знае дали во тој момент послужувала некого или чекала муштерија да пријде.
Кога одекнале истрелите, во продавницата настанал хаос, а очевидци тврдат дека не можеле да го напуштат супермаркетот, бидејќи работниците ги заклучиле вратите.
Полицијата смета дека жената била убиена затоа што нејзиниот поранешен партнер не можел да се помири со раскинувањето.
,,Доказите укажуваат дека зад мотивот се крие неуспешна љубовна врска“, рече државниот обвинител и додаде дека истрагата сè уште е во тек.
Убиената жена и убиецот раскинале пред околу шест месеци, а претходно живееле заедно. Во овој момент сè уште се проверува дали имало пријави за насилство додека биле во врска, како и дали имало некакви наредби за задржување.
Убиецот, како што соопшти обвинителството, немал дозвола за оружје, а телата се испратени на обдукција. На местото на настанот полицијата пронашла неколку чаури, а засега не се знае од кое оружје се пукало.
Пронајдете не на следниве мрежи:



